Денеска се навршуваат 12 години од стравичната смрт на српската пејачка, Ксенија Пајчин која беше убиена од нејзиното момче, Филип Каписода, кој потоа се самоуби.

И по 12 години многумина не можат да поверуваат дека пејачката повеќе ја нема. Таа важеше за една од најхаризматичните ликови на естрадата и личност која беше полна со енергија и оптимизам.

Безживотното тело на својата ќерка и нејзиното момче го пронајде нејзината мајка Љубица, а трагедијата за секогаш го зацрни домот на пејачката.

Кумот на Ксенија, Бане Девиќ, вели дека од нрјзината смрт престанал да го брои времето, затоа што болката се уште е ненадминлива.

Не ги бројам годините, нема разлика меѓу првата и дванаесетта година. Се уште ми е тешко да прифатам дека се тоа се случи. Многу ми недостига. Откако се случи сето тоа немам социјален живот, мојата загуба е ненадоместлива.

 

Ксенија имаше срце како куќа. Ми недостига нејзината убавина, многу ми помогна во животот, таа беше моја поддршка. Ми го промени текот на животот и вечно сум и благодарен за се. Времето лечи се освен спомените – вели Бане, за „Блиц“.

Тој зборува дека се обидува да одржува контакт со семејството на Ксенија, со кое си се взаемна поддршка.

Во контакт сум со нејзината мајка Љубица и сестрата. Таа се одлучи да продолжи да го живее животот, но Љубица изгуби се што имаше. Само Господ може да и помогне – заклучува Девиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.