Ќерката на Мадона остана на улица и во солзи откако обезбедувањето не ѝ дозволи на ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк, зошто задоцнила и вратите биле затвотени.

На интернет веќе е објавено видеото од моментот кога Лурдес Леон пристигнува на модното шоу, но кога се обидела да влезе, била запрена од обезбедувањето. На актерката ѝ кажуваат дека ревијата веќе е започната и дека настанот е „затворен“.

Драма надвор на ревијата на Марк Џејкобс кога на Лурдес не ѝ беше дозволено да влезе откако пристигна точно на стартот на шоуто, пишува во описот.

@mickmicknyc Drama outside the #marcjacobs fashion show as #lourdes wasn’t allowed in after arriving exactly as the show started #nyfw #nyc #nycfashion #madonna ♬ original sound – New York Mickey


Инаку, таа беше лицето од пролетната кампања за 2021 година на брендот, но и покрај тоа не ѝ прогледаа низ прсти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.