Кога на почетокот на пандемијата тогашниот министер за здравство Венко Филипче секојдневно одржуваше пресови за да ги соопшти бројките на заразени и починати од корона, меѓу пораките што ги добиваше беа и оние на извесна Лиде Лиде. Зад Лиде Лиде се крие Лидија Гиновска, која во разговор за „Репортер“ откри дека сето ова со министерот почнало од забава, за да си направи да ѝ е интересно.
На почетокот не знаела дека постои корона и целата ситуација не ја сфатила сериозно. За Филипче, пак, знаела дека е хирург, ама не и дека во меѓувреме станал министер.
„Мислам дека на сите жени им се допаѓаше, само што не сакаа да кажат јавно“.
Но, тоа што почнало како шега за да им е забавно неа и на блиските, на Лидија ѝ донело проблеми на работа, во фирмата за обезбедување. Се соочила со мобинг, а шефовите ѝ забраниле јавно да праќа пораки. „Еден од нив ми рече: ‘Јас ќе се погрижам да не останеш овде’, и после некое време, поради притисоците си дадов отказ“, вели таа.
Целото интервју ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.