Во однос на „Макфест“ дадената сума е во согласност со апликацијата, а тука беа земени в предвид повеќе параметри, рече министерката Бисера Костадиновска Стојчевска на брифинг со новинарите, по реакцијата на градоначалникот на Штип дека овие пари се премалку и  дека Министерството за култура продолжува да ја понижува македонската естрада и фестивалот, но и Штип како град домаќин.

Комисијата смета дека квалитетот на фестивалот е во пад, како од авторски, така од изведувачки и продукциски аспект. Не се изведува во живо, освен пеењето што е еден од клучните параметри во оценката на комисијата. А и самата општина учествува во негово орган изирање, рече министерката и додаде:

Нема да ја коментирам изјавата на градоначалникот која е под секое нив на политичар, кој е одговорен како што треба да е тој, бидејќи оваа апликација е втора година по ред иста, рече Костадиновска-Стојчевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.