Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (42) ја купи најскапата двокатна вила во елитен кварт и четврта најскапа во Калифорнија. Ким го купи својот нов дом во Малибу, кој некогаш и припаѓаше на манекенката Синди Крафорд (57), за 70,4 милиони долари.
Реновирањето на новиот дом траеше една година и сега пред вилата има камиони и работници од компанија специјализирана за преместување, истовар на големи кутии и нивно внесување во вилата.
За мене оваа куќа е резултат на напорна работа која ја вложив многу време и сега уживам во плодовите – изјави Ким за странските медиуми.
Нејзиниот нов дом се простира на 7.450 квадратни метри, се наоѓа на карпа со поглед на океанот. Покрај пристапот до приватна плажа, тој вклучува и погодности како што се базен со простор за одмор со камин на отворено, тениско игралиште, луксузен спа центар и градина што повеќе личи на тревник со ретки растенија отколку на градина.
Чувствувам нова енергија. Со нетрпение очекувам да направам спомени оттука – изјави ријалити ѕвездата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.