Случајот со Зоран Марјановиќ, кој првостепено беше осуден на 40 години затвор за убиството на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ, вчера беше укинат и судењето беше вратено на почеток. Што значи ова за процесот на деценијата и за истрагата на злосторството што се случи пред речиси осум години во каналот до насипот во населбата Црвенка во Борча? По секоја веројатност не се гледа крајот и тоа би можело да трае со години.
Што треба да утврди судот во случајот со Марјановиќ
Трагата крв на задното седиште од „мерцедесот“ што Марјановиќ го возел кобниот ден наводно ништо не докажува – односно не е утврдено како наведената трага од крвта на Јелена стигнала до тоа место и како е поврзани со другите докази?!
Апелациониот суд утврди и дека вештаците кои давале изјави во судот не се надлежни да го кажат своето мислење за прашањата што им биле поставени. Судскиот вештак биолог – не бил надлежен да зборува за трагите од крв на облеката, а било утврдено дека првостепениот суд го доведе во прашање исказот на лекарскиот вештак кога станува збор за трагите од крв на гранките до канал каде е пронајдено телото на пејачката. Вештакот тврдеше дека крвта ја предизвикал убиецот, додека судот „неговото мислење го замени со свое“?! Поради оваа причина, Апелација смета дека Вишиот суд, доколку се сомнева во споменатиот наод, требало да нареди ново вештачење.
Поради сево ова не се искучува и ексхумација на гробот на пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.