Јелена Карлеуша го пријавила сопругот Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство, а нему му е изречена забрана за приближување во траење од 48 часа. Инцидентот во познатото семејство се случил денеска, за време на божиќниот ручек.
Според извори од полицијата, лицето на Карлеуша е помодрено, зошто Душко ја удрил неколку пати, пишува српски „Информер“. Сведоци на инцидентот биле семејствата на пејачката и фудбалерот, кои присуствувале на празничниот ручек во вилата на Тошиќ.
На божиќниот ручек во домот на Тошиќ присуствувало и семејството на пејачот и Душко, кои наводно биле сведоци на настанот.
Информацијата дека Јелена завршила во модринки, наводно ја потврдиле сите присутни за српскиот медиум.
Тошиќ за српски „Курир“ потврди дека имале караница, но дека е шокиран од обвинувањата дека кренал рака ан неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.