Најбогатата Србинка Сандра Мелниченко се прослави во популарната српска група Моделс во 90-тите години, а денес живее во Русија со сопругот, милијардерот Андреј Мелничекo и нивните две деца.
Сандра беше една од членките на српската група Моделс Таа се откажа од успешната музичка кариера откако го запозна рускиот мултимилијардер Андреј Мелниченко, со кој е во брак 17 години и сега живее повлечено. Кристина Агилера и Енрике Иглесијас им пееле на раскошната венчавка, а за церемонијата наводно платиле неверојатни три милиони долари.
Сандра вешто ги крие деталите од приватниот живот, нема ни профили на социјалните мрежи, а нејзините фотографии само неколку пати се појавија на профилите на нејзините пријатели, меѓу кои и хрватската пејачка Нина Бадриќ.
Нив ги поврзува блиско пријателство, а Нина гостуваше и во јатата на Сандра, која е меѓу најголемите во светот и вреди 400 милиони долари, а која деновиве беше конфискувана поради руската инвазија на Украина.
Кој е Андреј Мелниченко
Андреј Мелниченко е руски милијардер. Има 49 години и е Тој е основач на производителот на ѓубрива EuroChem Group и компанијата за јаглен СУЕК. Тој е мнозински сопственик на Комерцијалното поморско пристаниште Мурманск. Неговото богатство се проценува на десетина милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.