Во ова време каде што се нуди сè, ако некој има крив нос, па зошто да го носи? Ако имаш крив нос, среди го, самодовербата да ти се зголеми. Среди го направи го убав, да бидеш пријатен за себе, за околината и на лик. Ако имаш клемпави уши, нормално дека треба да си ги направиш. И што е толку страшно ако некоја жена сака устата да и биде малку поголема?, отворено праша фолк пејачката Ирена Спасовска, за време на нејзиното гостување во емисија на „Репортер мк“.
Инаку, Спасовска е една помеѓу првите во земјава која ги зголеми усните уште пред околу 15 години, и тогаш јавно проговори за тоа. Во интервјуто набргу по интервенцијата, за „Фокус“ раскажа дека цел живот сакала да има сензуални усни, а кога дознала дека ставањето силикон е еден вид на рутинска постапка и не е комплицирано, решила засекогаш да се спаси од моливчето за оцртување кое постојано и било при рака во минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.