Музичарот Тончи Хуљиќ откри дека не му пречи пејачката Данијела Мартиновиќ да му биде снаа и да се омажи за неговиот син Иван, братот на Хана Хулиќ.

Имено, медиумите во регионот со месеци пишуваат за неговата ќерка Хана и зетот Петар Грашо, кој е и негов долгогодишен пријател, но и за Данијела со која Грашо бил во врска претходните 24 години.

Иако нивната венчавка првично беше планирана за пролет, Петар Грашо и Хана Хуљиќ решија малку да ги забрзаат работите.

Имено, свечената свадбена церемонија се одржи во црквата Свети Франциско во Сплит, а според медиумите на церемонијата присуствувале само најблиските членови на семејството и пријателите.

Причината зошто парот реши да ја забрза свадбата е тоа што Хана потврди дека е бремена, а додека уште не ѝ се познава стомачето сакаше да носи фустан кој ќе и биде точен, да изгледа убаво.

По повод врската на неговата ќерка со Грашо, а се огласи и таткото на Хана, музичарот Тончи Хуљиќ.

Имено, тој призна дека разбира дека се крена прашина поради нивната врска, и откри дали ја поддржува својата ќерка кога е во прашање оваа љубовна романса.

-Петар и Хана имаат слични ставови за претставување на приватниот живот во медиумите, а Петар е и одличен семеен пријател. Ако тие се среќни, и колку што можам да видам дека се, тогаш јас и сопругата Вјекослава сме среќни.

– Среќен сум што свадбата помина во прекрасна атмосфера и што беше интимна вечер со луѓе кои ги познаваме цел живот, со некои од нив триесет, четириесет години и кои ни го одбележаа животот.

Бевме педесетина – изјави Тончи Хуљиќ, на кого од Јутарни лист успеаале да се јават по телефон во неделата попладне, откако направи пауза од прославата на свадбата на неговата ќерка Хана и Петар Грашо.

– Тоа беше важен момент за целото наше семејство“, рекол позатиот хрватски композитор, кој ги напиша песните на групата Магазин и песни на многу пејачи меѓу кои е и Петар Грашо.

Омилениот композитор накратко опиша една вечер која, како што вели, најмногу наликувала на голема семејна средба.

Така, на пример, немаше стандарден бенд или диџеј да ги забавува гостите со музика.

Иако на свадбената вечера имаше многу музичари, иако младенците се занимаваа со музика и од тој аспект наликуваше на семејна дружба – секој од гостите беше диџеј, па во кое време свиреше што им одговара. А во изборот, како што открил Хуљиќ, доминирале Битлси.

-Не можам да ги обвинам медиумите затоа што не напишаа лоши работи, но беше навистина интензивно“, изјави Петар Грашо за магазинот ИН, а потоа се осврна и на тоа дека налето ќе добие ќерка.

Човек сум кој верува дека сѐ што се случува, треба да биде. Ако е тоа судбина, тогаш верувам во судбината.

Не сум атеист, туку сум практичен верник, човек сум кој во животот има моменти кога длабоко размислува, но има и моменти кога е опуштен и само живее.

– Хана е една духовита, интелигентна, но, многу, многу повлечена и мирна личност“, изјавил Петар Грашо.

Со оглед на околностите и колку внимание привлекува неговото семејство, Курир.рс направија интервју со Тончи Хулиќ и го прашале што мисли за тоа Данијела да стане негова снаа, поточно да се омажи за неговиот син Иван, со оглед на тоа шт неговиот зет Петар Грашо беше долги години со неа.

– Данијела да ми биде снаа? (се смее). Имаш многу повеќе смисла за хумор од мене, не би ни помислил на тоа. Но, добра идеја (се смее) – рече Тончи.

Хуљиќ истакна дека нема индиции дека Данијела ќе му биде снаа, но се пошегува и дека на почетокот не ни знаел за Хана и Петар.

– Ако се случи нешто такво, немам ништо против. Сè што ги прави среќни моите деца, ме прави среќен и мене. Но, ми се чини дека засега нема никакви индикации, или нешто не знам (се смее), бидејќи и јас не знаев за ова – додаде Хуљиќ.

Сега сите овожаватели на семејството Хулиќ-Грашо се прашуваат дали Хана ќе му се налути на својот татко по неговата изјава, бидејќи нели би било невкусно да се спојат женските на Грашо во едно семејство…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.