Жулијана Налу, е позната во светот како поранешна девојка на Канје Вест, но оваа млада дама е многу влијателна на социјалните мрежи каде што ја следат над милион луѓе. Таа важи и за една од најзгодните Бразилки.

Убавата 25-годишна девојка неодамна папраци ја фотографираа на една плажа во Мајами, а овие спонтани фотографии се најдобар доказ дека на Жулијана не ѝ се потребни ни фотошоп ни какви било филтери.

Згодната девојка ги привлекла сите погледи со својата сексапилна фигура на тело.

Таа на плажата се појави во минијатурно бикини со маслинеста боја, а долниот дел од бикинито до таа мера е минијатурен што во одреден момент покажува и „повеќе од што треба“.

Но, на убавата Бразилка тоа не ѝ пречи, па таа многу смело и со самодоверба ужива во сончевите денови и морската активности. Затегнати нозе, извајан задник, рамен стомак – оваа млада дама има навистина прекрасно тело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.