После подолго време, гевгеличани и луѓето од околните градови ќе имаат прилика во живо да ги слушнат и видат едни од најбараните музички имиња во нашата земја во последните неколку години…

Со други зборови Гевгелија ќе „гори“ на 8-ми јули од многубројните хитови на Лозано и ДНК. Тие ветуваат одлична забава и ноќ за паметење…

Драги наши, по подолго време и на наше огромно задоволство на 8-ми јули (сабота) во вашиот омилен клуб „Де Факто” ќе одржиме заеднички концерт (Лозано и ДНК) пред гевгелиската публика која ќе има можност да ги слушнете сите наши познати рефрени низ три часовен концерт.

Влезниците ке бидат во строго ограничен број, а првите 300 “early birds” влезници ке бидат пуштени во претпродажба по цена од 300 денари и ќе може да се набават исклучиво на билетарата на клубот од четврток до сабота. Потоа цената ке изнесува 400 денари и доколку останат на врата ке бидат остане истата цена.

Затоа подгответе се на 8-ми јули на “Полна месечина” ве чекаме да се гушнеме “Јако Јако” и да се направиме “Авиони”, да испишеме уште неколку “Километри” па “Што сака нека биде”…“ – стои во нивната зеадничка објава.

Инаку концертот ќе го отвори младиот диџеј – Милан Петков, кој е миленик на публиката во Гевгелија.

Инаку после Гевгелија, ќе следи најмалку уште еден ваков задинчки концерт, а локацијата ќе биде објавена наскоро…

Се гледаме на 8-ми јули во „Де Факто“ – Гевгелија…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.