Драгана Мирковиќ  ги отвори вратите од својот магичен замок. Пред две децении, фолк ѕвездата го купи овој објект со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ и со години инвестираше во враќањето од урната состојба во првобитната состојба.

Величествениот замок Ебенфурт вреди цело богатство, а пејачката со голема љубов и грижа се грижела за секој детал.

– Има и огромни сали кои зафаќаат цело крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот на замокот каде што планираме да живееме, има голема сала за бал. Сакаме дел од првиот кат да го претвориме во музеј и да го отвориме за посетители и училишни екскурзии, но немаме намера да наплаќаме влез. Неопходна е и реставрација на сликата на таванот, за што е потребно време, за што ќе бидат задолжени вистински уметници – рече Драгана.

Овој објект има посебно културно-историско значење. Еден од најинтересните факти е дека во замокот живеела Марија Тереза, која кон крајот на 18 век често престојувала таму и се молела во капелата која исто така се наоѓа во домот на Драгана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.