Во првата епизода од новата сезона на „Нешто конкретно“, една од гостите беше и поранешната сопруга на Даниел Кајмаковски, Кристина Димитри, за кого и јавно зборуваше дека не е во добри односи, па во емисијата на прашањето од водителката дали жената или мајката треба да го научи машкото да стане вистински маж одговори:
Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле тешко!, алудирајќи на тоа дека од дома доаѓа сè.
Продолжувајќи го разговорот таа образложи и дека не верува во тоа ако нејзиниот поранешен би бил во војска дека би се променил и додаде:„Јас го препуштив во друго школо таму нека го учат“.
Во емисијата чија тема беше дали да се врати воениот рок гости беа и Гораст Цветковски, Владимир Четкар и генералот Стојанче Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.