„Љубов над сè!“

Со оваа реченица Биба Додева ја соопшти убавата вест со своите фејсбук пријатели и обожаватели по повод својата венчавка.

Пејачката сподели фотографија од еден момент од овој посебен ден за неа, која предизвика реакција и убави желби.

Драги мои пријатели, ви ја споделувам нашата среќа со вас! Ви благодарам од срце за убавите честитки и желби, како за роденденот, така и за нашата венчавката. Пресреќни сме, да ни трае!, напиша пејачката.

Среќната вест ја сподели и нејзината долгогодишна блиска пријателка, поетесата Ана Бунтеска.

Бибо моја, ви посакувам вечна љубов. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна, напиша поетесата на Фејсбук.

Додева, која завчера го прослави својот 47 роденден, веќе е мајка на ќерката Емануела и баба на внукот Александар, а зад себе има еден брак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.