Над 500 гости пречекaа Дарко Лазиќ и неговата нова избраница Катарина. Српскиот фолкер повторно се венчаваше, а и овојпат ги испочитува сите српски традиционални свадбени обичаи, како пукање во јаболко и „купување“ на невестата.

Како што пренесуваат српските медиуми, во црквата тој не можел да ги запре солзите радосници.

Се обидувам да ги задржам солзите, но некои работи не можете да ги скриете. Бев најемотивен. Ми недостига татко ми, но животот продолжува, рекол меѓудругото Лазиќ за „Блиц“.

Свадбата ја отвори хрватскиот пејач Петар Грашо, кој ја пееше песната за првиот танц на младоженците.

На свадбата беше и првата соруга на Лазиќ, Ана Севиќ, со која ја имаат ќерката Лорена. Втората свршеница Марина Грујиќ, со која Дарко има син, не присуствуваше на веселбата.

Пред една недела Лазиќ беше дел од уште една тешка сообраќајка, каде го уништи своето „бмв“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.