Празниците се период од годината во кој домот на Здравко Чолиќ е исполнет со посебна атмосфера.

Славниот пејач, последниве години се обидува да живее практично изолиран од медиумската сцена и ретко ја пушта јавноста во своето секојдневие, но популарниот Чола покажува дека новогоодишниот дух влијае и на него.

Чолиќ ја израдува љубопитната публика кога за српските медиуми откри како се слави Новата година во неговата куќа. Тпој вели дека главниот збор за време на прљазниците го имаат сопругата Александра и ќерките Уна и Лара.

За украсувањето на елката е задолжена помалата ќерка Лара, никој од нас не се меша во тоа. Природата на мојата работа е таква што најмногу работам за Нова година, па затоа патуваме како семејство и славиме заедно со пријателите. Дома сме за Божиќ, сопругата Александра секогаш подготвува најразлични јадења, омилени на сите, а потоа сите се собираме околу масата. Празничната атмосфера секогаш ме потсетува на моето детство, вели пејачот.

Како што истакнува тој, домот е местото каде што најдобро се чувствува кога ќе дојдат празниците.

Кога бев помал секогаш бев со семејството за Нова година, славевме во домашна атмосфера. Обожавав да добивам честитки, кои порано се пишуваа и испраќаа. Сега сè премина во електронска форма и веќе ја нема таа емоција. Би бил среќен да добијам вистинска честитка, музичка, со убава Божиќна песна. Подоцна, кога почнав да излегувам како младо момче, уживав да го поминувам дочекот во викендица на падините на Бјелашница. Ние, неколку двојки, шведска маса, камин… Донесувавме празнична гардероба, а околу 23 часот се пресоблекуваме во одела и фустани за да ја дочекаме Новата година. Во текот на ноќта ќе бевме затрупани од снег, па не можевме ја напуштиме викендицата. Беше вистинска идила, како од разгледница, се присетува Чолиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.