Легендарната пејачка Силвана Арменулиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа пред 45 години, на 10-ти октомври 1976 година, на автопатот Белград – Ниш, кога се враќала од концерт.

Заедно со неа починале и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ, која била бремена и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека третата сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ, како што еднаш раскажала, за влакно ја избегнала смртта.

Силвана имала само 37 години кога загинала. На интернет се појави стара фотографија од местото на несреќата, на која се гледа автомобилот во кој се наоѓала пејачката. Возилото било целосно уништено.

Според реконструкцијата на несреќата, „фордот“ се движел со брзина од околу 150 км/ч, а потоа наеднаш почнал да преминува на левата, спротивна лента и дошло до судир. Десната страна на „фордот“ со толкава сила удрил во камионот што целосно го откачи предното десно тркало, полуоската и отиде под него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.