Балканската ѕвезда Светлана Ражнатовиќ Цеца неодамна го почна новиот проект, реалното шоу за нејзиниот и животот на нејзиното семејство, наречено „Цеца шоу“. Во него, таа првпат откри дека го изгубила бебето кое го очекувала заедно со Жељко Ражнатовиќ Аркан непосредно пред нивната венчавка.

Жељко и јас чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари, а пред тоа останав во блажена состојба. Но, во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе, изјави Цеца во емисијата.

И покрај големата загуба, пејачката и нејзиниот покоен сопруг решиле да ги продолжат подготовките за свадбата.

Се договоривме да не го поместуваме датумот на венчавката, па го кажавме судбоносното „да“ како што планиравме на 19 февруари 1995 година, рече таа.

Ова е првпат пејачката да каже дека чекала дете со Аркан пред Вељко и Анастасија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.