Српскиот актер Милош Биковиќ, кој во Македонија неодамна го промовираше „Предизвик“,  првиот филм сниман во вселената, за „Еден на еден“ откри многу детали околу самото снимање, популарните филмови и серии во коишто игра, популарноста во Русија.

На Жаре тој му откри и дека првпат е во Македонија и конечно ги запознал роднините оттука.

Дедо ми се родил како Биковски, тие се од Берово. Еден негов брат остана Биковски, а тој во тоа време кога се менуваа презимињата го зеде презимето Биковиќ зошто живеел во Србија, рече Биковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.