Во арената „Борис Трајковски” се одржа прес конференција по повод претстојниот концерт на балканската музичка ѕвезда Аца Лукас, кој ќе се одржи на 25 декември во арената „Борис Трајковски” во Скопје.
На прес конференцијата, Аца Лукас откри дека подготовките за концертот се во полн ек и најави незаборавна вечер полна со емоции, хитови и специјални изненадувања за публиката. Тој истакна дека Скопје за него има посебно место во срцето и дека секој негов настап во македонската престолнина е уникатен, благодарение на топлината и енергијата на македонската публика.
„Македонија е мој втор дом, а публиката во Скопје секогаш ми дава неверојатна енергија. Овој концерт нема да биде исклучок – ветувам дека ќе приредиме шоу за паметење.” изјави Лукас.
Организаторите најавија дека сценографијата, звукот и осветлувањето ќе бидат на највисоко ниво, следејќи го светскиот стандард на продукција, а дополнителни детали за гостите и специјалните моменти ќе бидат откриени во следните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.