Хрватската пејачка Северина Вучковиќ пред два дена се забавуваше на настап на српската пејачка Ана Николиќ во еден ноќен клуб во Загреб, а вниманието го привлече мистериозното момче кое беше цело време залепено до пејачката.

Откако се разведе од Игор Којиќ пејачката прв пат во јавноста е забележана со момче што предизвика бура од реакции во сите регионални медиуми.

Медиумите експресно открија кој е мистериозниот човек, но иу тој не остана должен и експресно одговори на шпекулациите на јавноста жедна за сензација.

Архитектот Миро Месиховиќ за Јутарљи.хр негира дека тој е изборот на срцето на Северина.

Северина секако е една од најважните луѓе во регионот, една од најубавите жени од Вардар до Триглав, но, за жал, не сме во никаква врска. Освен што споделуваме пријател Филип Милетиќ, нејзин продуцент. И уште нешто, одлично си поминавме во клубот со уште десетина другари – изјави Миро Месиховиќ за Јутарњи.хр.

Да потсетиме дека биле „фатени во клуб“ како се гушкаат, по што се прошириле гласини дека меѓу нив има нешто повеќе.

Таа била снимена како игра и се прегрнува со непознатото момче за кои многумина помислиле дека и е партнер, а подоцна медиумите во Хрватска и го потврдиле тоа.

Таа цело време се смеела со него и била расположена, но не и расположена да даде изјава за медиумите кои веднаш пристигнале на лице место.

Како изгледа мистериозното момче погледнете во продолжение:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.