Со недели се пишува за раскинувањето меѓу Антониа Гиговска и Иван Јованов, кои беа во врска неколку години. За разлика од музичарот, кој јавно зборуваше за тоа, младата пејачка смета дека не е време ја каже својата страна на приказната.
Таа во новата „Еден на Еден“ со водителот Жарко Димитриоски ги коментира насловите кои излегуваа по порталите со наводните причини за разделбата, по што и открива со кого е во врска сега – со самата себе.
Покрај ова, во недела од 18:30 на „Канал 5“, кога почнува 14 сезона на популарното шоу, Гиговска отворено раскажува за својата борба со килограмите и трансформацијата низ која поминала, коментарите на социјалните мрежи со кои секојдневно се соочува, поддршката која не ја добила од своите соученици по „Евровизија“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.