Јавноста е шокирана од веста за новиот партнер и бременоста на актерката Анѓелка Прпиќ. Имено, актерката од хит-серијата „Анѓелко и Анѓелка“ чека дете со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, кому всушност требало да му бидат кумови.

Но, како што потсетува „Блиц“, актерката и претходно била актуелна поради нејзините љубовни одлуки.

Пред две години тамошните медиуми ја поврзаа актерката со бизнисменот и сопственик на неколку ресторани во главниот град Срѓан Стојановиќ, кој своевремено излегуваше со пејачката Александра Радовиќ.

Оваа вест веднаш ги преплави порталите, а бидејќи Анѓелка и Александра Радовиќ се дружеа, приказната за врската меѓу бизнисменот и актерката уште повеќе ги заинтригира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.