Младата српска поп-ѕвезда, Анастасија Ражнатовиќ, одлучи да го зголеми својот бизнис со пријателка. Ќерката на Цеца, минатата година почна бизнис со природна козметика, а сега отвори и салон за убавина.

Анастасија открива како се одлучила на ваквиот чекор и што ја советувала нејзината мајка, која присуствувале на отворањето, заедно со снаата Богдана.

Се грижам за себе и за својот изглед и спонтано дојдов до оваа идеја. Прво сакав шминка, но Маја Беровиќ и Емина Јаховиќ лансираа своја, па се решив за козметика за да не биде пренатрупано. Верував дека можам да направам нешто квалитетно. Се чувствувам феноменално, долго време го подготвуваме овој проект и многу сум возбудена. Направивме многу работа и јас сум презадоволна. Жените ќе имаат свое катче каде ќе се разубавуваат – вели Анастасија.

Таа истакнува дека цело време додека го подготвувала проектот имала голема поддршка од нејзината мајка.

Мама е пресреќна. Та е секогаш тука за мене и Вељко, да не поддржи и да биде ветерот зад нас. Тоа се мои обврски. Таа не ми помогна со финансирањето. Имам партнер во сето ова. Учествуваме заедно. Добра сум во планирањето на времето, ќе успеам и со овие обврски – истакна Анастасија.

Таа открива и каков совет добила од нејзината мајка.

Таа ми посака среќа. Ми рече да бидам професионална и ангажирана, нешто што и планирам да бидам – ​​објаснува Анастасија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.