Албанците ја критикуваат песната која можеби ќе ја претставува Србија на Евросонг. На Косоварите песната „Гнездо орлово“ на Анџела Игњатовиќ им е премногу националистичка и провокативна а згора на тоа стајлингот на популарната Бресквица наликувал на познатата слика „Косовка девојка“ што дополнително ги изнервирало.
Бресквица е главен фаворит на утрешното финале.
Која била Косовка девојка
Низ вековите, таа е симбол на силна жена во епските српски песни и морална победа на косовското поле во 1389 година.Оваа слика е дело наголемиот сликар Урош Предиќ
Како главен лик во истоимената народна песна, Косовското девојче е опеано како млада жена која талка по бојното поле по битките во Косово, во потрага по својот свршеник Милан Топлица, кумот Милош Обилиќ . Додека се превртувала „по крв на херои“ наишла на тешко ранетиот витез Павле Орловиќ, кој и рекол дека тие што ги барала загинале во битка. Додека таа го пее, тој умира во нејзините раце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.