Денеска во Скопје започнува 11. издание на ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал, најзначајниот ваков настан во регионов, која ќе се одржува од 28 до 30 ноември во МКЦ. Во рамките на тридневниот музички “саем”, во Скопје пристигнуваат повеќе од 500 делегати, професионалци од музичката индустрија и експерти од целиот свет, а ќе се одржуваат и 60 концерти, со бесплатен влез за сите посетители. 

Од Бугарскиот министер за култура до менаџерот на The Chemical Brothers
– 
сите се овие денови во Скопје на ПИН!

ПИН е единствен интернационален настан го претвора Скопје во центар на европската музичка индустрија, ги поврзува сите релеванти двигатели на сцената и ги поместува границите нудејќи разновидна палета на жанрови преку своите панели, работилници и перформанси. ПИН е прослава на трансформативната моќ на музиката, каде што се споделува знаењето, се создаваат мрежи на идна соработка и одекнува ритамот на креативноста.

За време на овие три дена, Скопје ќе биде домаќин на:

–            Повеќе од 500 културни професионалци од целиот свет (менаџери, букери, промотори, организатори и т.н.)

–            60 концерти на 6 бини

–            Промоција на македонската музичка сцена со повеќе од 30% македонски артисти во програмата

–            Бесплатен влез за сите посетители

–            Бројни едукативни содржини.

Програмата започнува денеска, четврток во 13:45 часот со панелот „Најдолгиот пат од права до пари“ каде учествуваат и претставници на македонскиот ЗАМП, и следниот во 15:00 часот, насловен „Креативна Културна Европа“ со бугарскиот министер за култура како специјален гостин.

Вечерта, во 19:00 часот ќе се одржи церемонијата за официјално отворање на ПИН во Младинскиот Културен Центар.

Целосната програма можете да ја видите на овој линк: https://pinconference.mk/ .

Мобилната апликација е достапна на следниов линк: https://tmsqr.link/pin-music .

На конференциската програма на ПИН, како говорници, предавачи и модератори учествуваат најголемите ѕвезди од зад сцената, светски менаџери, организатори на најзначајните фестивали во Европа, музички агенти, експерти за извоз на музика, промоција и развој на музичките кариери, кои ќе дискутираат на топ теми во индустријата, трендови поврзани со музичката сцена, продукцијата, културата и сите влијанија на нејзе.

Музичка програма со 60 бесплатни концерти на изведувачи од целиот свет

Концертната програма ќе се одвива на 6 различни сцени во Младинскиот Културен Центар, а годинава макдеонската публика ќе има неверојатна прилика со бесплатен влез да ужива во настапите на 60 изведувачи! Артистите кои ќе настапат на ПИН доаѓаат од сите страни на светот, од повеќе од 30 земји, од цела Европа, па се’ до подалечните како Јапонија, Буркина Фасо, Мали и Конго. Станува збор за значајни интернационални имиња особено од светската музика, но и најдобрите млади уметници кои ја трасираат новата квалитетна музичка сцена во различни алтернативни и популарни жанрови. Само дел од овие атрактивни музички имиња се: Бубакар Траоре, Лука Рајиќ, Аваланш Каито, Берлин Менсон, Ида Престер, Хелем Нејсе, Фулу Мизики, македонските одлични претставници Пичвајз, Хајка, Занаду, Галатеа, Огнен Златанов, и десетици други. 

Целосната програма и распоредот на концертите се објавени на овој линк: https://pinconference.mk/programme/ .

ПИН конференцијата се одржува како дел од програмата на ТАКСИРАТ Фестивал, а во организација на „Пасворд Продакшн“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.