Британската мрежа на уметнички музеи ја прекина соработката со Виктор Векселберг и Питер Авен откако САД и ЕУ воведоа санкции за руските милијардери поради инвазијата на Украина.

Векселберг, основачот на рускиот енергетски конгломерат и соработник на Владимир Путин, беше почесен член на престижната фондација Тејт, добротворна организација која собира средства за изложби, образование и други проекти, пишува Sky News.

Векселберг направи донација за Тејт пред седум години и повеќе нема право на неговото почесно членство“, соопшти лондонската мрежа на галерии. Овој богат Русин веќе беше на удар на американските санкции во 2018 година, а во петокот повторно се најде на листата на руски милијардери на кои многу земји им воведуваат санкции.

Американските власти соопштија дека тој „одржувал блиски врски со Путин“ и ја замрзнале сопственоста на неговиот авион и јахта. Пред воведувањето на санкциите, Векселберг даваше донации за американскиот театар Линколн центар и концертната сала Карнеги Хол.

Се проценува дека има богатство вредно 9,3 милијарди долари, кое го стекнал по приватизацијата на руската нафтена и алуминиумска индустрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.