Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ викендов во Скопје. Гостинка на концертот беше Калиопи која со Самарџиќ ја пее „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот, а гостуваше и Бора Чорба.
Ефективен беше стартот на концертот со песната „Бисер балкански“ од Гоце Николовски и целата сала пееше со него. Присутните во еден глас ја пееја култната песна и тоа дополнително ја загреа атмосферата заедно со настапот на гостите кои ја разиграа публиката кога во дует ја испеаја „Елено ќерко“.
Самарџиќ пееше речиси три часа, раскажуваше забавни приказни и се фотографираше со публиката кога при крај на концертот слее од бината.
Концертот го организираше продукцијата „Прагма“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.