Во 1984та година, Бајага & Инструктори го издадоа ремек делото ,,Позитивна географија”.Таа пролет, албумот беше доста срамежливо промовиран во три града и три сали:

Белград – ,,Дом синдиката”

Загреб – ,,Кулушиќ”

Скопје – ,,Дом на млади – 25 мај”.

Оваа пролет, Бајага веќе закажа и распродаде концерти во Белград (,,МТС Арена ” – некогашен ,,Дом синдиката”) и Загреб – ,,Творница културе” (култниот ,,Кулушиќ” веќе не постои), каде во клубска атмосфера ќе се свири реприза на пролет 1984та, со ,,Позитивна географија”.

Се разбира дека и ние веднаш реагиравме, а Бајага прифати да се врати во МКЦ после 40 години, и на истата сцена од тогашен ,,Дом на млади – 25ти мај” да го отсвири целиот албум ,,Позитивна географија”, како и уште некои песни од тоа време.

Пред секоја песна, Бајага ќе раскаже приказна за тоа како и зошто е напишана… што ја прави оваа вечер уште поуникатна.

Бајага скоро 40 години не ги свири ,,Знам човека”, ,,Папалине”, ,,Мали слонови”, ,,Марлена” и слично… Сега ќе го свири цел албум.

Нема потреба да се објаснува емоционалната ексклузивност на овој настан. Тој е наменет само за оние 1.000 луѓе на кои и онака се’ им е јасно.

Овој пат, Бајага ќе свири прво во МКЦ, па потоа во Белград и Загреб!“, објави организаторот „Авалон“.

 

Продажбата на влезници започнува во понеделник (11.03) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx во Македонија по цена од 1.500 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.