На неколку локации во Битола, во периодот од 8-ми до 10-ти август 2024 година, ќе се одржи дванаесетото издание на фестивалот на електронска музика „Смотра“

Идејата зад овој фестивал датира од 2011 година, а настана како одговор на потребата за алтернативна сцена во Битола. Целта беше да се понуди поинтимна атмосфера на необични локации каде ќе се презентира поквалитетен избор на електронска музика и диџеи/презентери и каде младите ќе можат да се изразат преку било која уметничка форма.

 

Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, Старата Чаршија и др.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Во изминатите 11 изданија фестивалот константно еволуира апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук и проширувајќи ги вообичаените рамки на делување според барањата и очекувањата на посетителите и развојот на современите технологии. Овогодинешното издание ќе ја истражи врска помеѓу вештачката интелигенција и продукција на електронска музика.

 

Програма:

Четврток 08 Авг. / Градски парк спроти Император / 20:00ч
– проф. др. Анис Сефиданис
панел дискусија: Хуманоиден робот во улога на диџеј
влез: слободен

 

Петок 09 Авг. / Стара Битолска Чаршија / 21:00ч
– DIAH
– JOSS

Сабота 10 Авг. / Безистен / 21:00ч
– ALEX NOVA
– GORAN KAN

Билети во претподажба во кафе бар Јагода и Фрагариа.

Дводневен билет: 200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.