Ламбе Арнаудов
Зоране! Разликата помеѓу политичари дипломати, аматери и професионалци, е во тоа што аматерите брзаат, а професионалците победуваат.
Чудно но вистинито, поговорката се совпаѓа со твоето презиме, во која се вели:
„Во трка помеѓу зајак и коњ секогаш победува коњот“ што ќе рече, истрајноста, издржливоста и жилавоста се квалитети што водат во сигурна победа над брзината, брзоплетоста и самобендисаноста.
Несмасно, надвор од законите и Уставот на Република Македонија, со крајно игнорантски однос кон желбите и волјата на македонскиот народ, ширум ја отвори вратата на срамот, предавствата и понижувањето, а не знаеше како да ја затвориш.
Ширум отворената врата предизвика провев (промаја) што оддува сé што е македонско, ги растури пердувите на злото што се разлетаа на сите страни и сега генерации и генерации ќе треба да ги собираат.
Гледам, не ти доаѓа умот. Повторно ги вмеша своите извалкани раце, влечејќи ги конците на марионетските кукли одбрани од тебе и според твоите изопачени критериуми и начела во кои доминираат незнаење, простотилак, омраза кон сопствениот народ и држава каде отсуството на патриотизам го заменувате со вазалност и можеби најсрамното во тебе и твоите, спремноста слободата, идентитетот и опстанокот на еден древен народ и држава да го трампите за пари.
Оската на злото, предводена од тебе и неколкумина други грешни, од петни жили се трудите, да ја окупирате јавноста, залудно, со невешта замена на тези, што новата апсолутно про-македонска Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски, максимално успешно воспоставува рамнотежа, без бранувања кон мирна пловидба на бродот на кој моторот работи беспрекорно, трупот е цврст не’рѓосувачки и непотоплив, посадата која го опслужува е вешта и спремна, а капетанот е неповторлив.
Сега доаѓа главното прашање: Зошто се обидувате?
Кристално е јасно. Вие сте робови на антибожја, ѓаволска доктрина што го поматува вашиот разум, со вас раководат демоните уништувачи на сé добро.
Да се приклучиш на малобројна секта што сака да уништи сé што со илјади години генерации граделе и го подарувале на сиот благороден свет, во замена за лични погодности, привилегии и лагодности, е комплетно замрачување на свеста, само предизвикана кома од која не можат да ве разбудат ни највештите анестезиолози, ниту пак најсилните електрошокови.
Малку сте, безначајни и безопасни, но сте полни со омраза кон сé што е добро и убаво и сé правите да го попречувате прогресивното.
За тоа имаме лек, ние народот. Ќе ве изолираме, ќе ве ставиме во карантин што сами си го избравте бесцелно трудејќи се да го инфицирате сопствениот народ, да му служите на натемагу место на Господ.
Господ, го создал човекот како најголемо совршенство и го обдарил со брилијантни психофизички атрибути што галопираат кон мирен, спокоен, долговечен живот полн со креативност да го достигне недостижното.
Света должност на секој човек од благодарност кон Создателот и самиот тој да направи нешто добро, нешто убаво што ќе го прослави, а не посрамоти.
Нанесовте многу лузни на лицето на МАКЕДОНЕЦОТ, нема да ги шминкаме или естетски отстрануваме.
Нека стојат, да сведочат за да не се заборави, кој, колкав и на кое место нанесол белег на својот брат, татко, мајка, син, ќерка, другар, роднина, семејство, народ, држава.
Нека стојат и опоменуваат.
Најважно е да се знае од кого се нанесени.
МАКЕДОНЕЦОТ не може без лузни, нема да личи на себе, и што е најважно нема да биде толку убав, препознатлив, привлечен и посакуван.
Лузните ни личат.
Со нив на нашите лица, сите ни се восхитуваат и поклонуваат до земја. Тие се нашиот печат, нашиот крст, нашето патешествие низ напатеноста, гордоста, исправеноста, предавствата, срам, ама и нашиот сигурен од кон конечна победа што си ја заслужуваме за себе и за другите.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.