Слободан Томиќ

Свежи ми се сеќавањата од 1996, престојував во САД на претседателската кампања Бил Клинтон vs Боб Дол. Кампањата ги обелодени круцијалните скандали во оваа претседателска трка, меѓу која и таа на тогашниот американски кандидат за реизбор на местото претседател на САД, демократот Бил Клинтон околу таканаречената “индонезиска“ двојка, околу финансирањето на кампањата на тогаш актуелниот претседател и противкандидат на поранешниот градоначалник на Њујорк, Боб Дол, републикански кандидат.

Претседателот на Демократскиот Совет на САД, господин Нордингер, пред нам 8-мина новинари од Македонија кои ја следевме претседателската кампања во Вашингтон-ДС, ни соопшти дека покојниот претседател Киро Глигоров им дал “корпа“ на САД за отстапување на воениот полигон Криволак на НАТО и безусловно полноправно членство на Македонија во Алијансата! Наводно, “рентата“ на најпознатиот и најпогодниот воен полигон во Европа па, речиси и во светот, Криволак ќе изнесуваше 1 милијарда  американски долари! Од таа времена дистанца до денес на макдонското конто ќе имавме 27 милијарди евра,а не јавен долг 7 милијарди евра кој води кон банкрот држава. Ќе бевме полноправна членка на НАТО и ЕУ без да го изгубиме достоинството, промена на името на државата и идентитетот на народот. Немаше да се случи војната 2001, ќе го имавме и Audi A3 како национално патничко возило…

Објаснувањето на нашиот домаќин беше, дека  Македонија е погодна како држава со важна геостратешка позиција на коридорот Исток-Запад и дека Алијансата заедно со САД, се заинтересирани да го релаксираат “Јужното крило“ на НАТО 130 километри северно од Солун, или токму на котата Криволак.

Од друга страна, свежи ми се сеќавањата на познатиот и светски генерал Шварцкопф, кој ја водеше заливската војна. Ја имав можноста, да се сретнам со него во YPI или во меѓународната новинска агенција, заедно со моите колеги новинари и повеќето политичари од целиот свет, а тоа се случуваше за време на американските претседателски избори 2000 година  меѓу Џорџ Буш помладиот и демократот Ал Гор.

На моето прашање, до кога Македонија ќе биде само “услужна“ станица или место од каде ќе се користат сите погодности, како што беше војната во Косово, коридорот за бегалци од Косово и сѐ по ред, а да не добиеме конкретна помош или поддршка да станеме членка на НАТО и други меѓународни организации, мислев на ЕУ, и дали е доволно само тапкање по раме, Генералот Шварцкопф се насмеа и рече дека Македонија е важна за американската политика како и Балканот во целост, неговиот совет беше имајте трпение.

Да, трпението си го докажа денешниот статус во кој се наоѓа Македонија, а тоа е се уште статус кво околу жртвите кои ги направиле Македонците и по род и државјанство во овие изминати две децении.

Вината секако не е во рацете на американската политика, ниту во европската, таа е во рацете на политикантите македонски, кои сите изминати години таа голема жртва која ја дадоа сите во Македонија наместо за национален интерес заврши во џебовите на криминогените и корумпираните македонски таканаречени лидери, или политичари, секоја чест на пединици, кои за жал се многу малку.

Во политиката има едно правило, нема љубов се е интерес, тоа се однесува во делот кога се посакува да се добие нешто без пари или без ништо.

Македонија, и Македонскиот народ дадоа, или им е одземено многу: Најмногу што не се купува или нарачува со пари или каква и да е финансиска или материјална вредност, а тоа е името на државата и идентитетот, сега се посега и по јазикот, историјата и сѐ што значи национална вредност.

Сега, кога свесно гледаме што ни се случува и кој се’ не тргува и продава за почеток на преговори со ЕУ, прашувам и не можам да разберам, до каде е народната “загриженост“ за тоа што ни се случува како држава или народ?!

Криминалот, корупцијата, партизацијата, ултиматум политиката, и политиканти, како и камиказа политиканти е одговорност кон државата и воопшто отсуство на слобода во медиуми, а кој се пред се главните одредници за наше зачленување во ЕУ, дрскоста е се поевидентна. Имено политиканти со своите пцости, а поставени како први луѓе во законодавниот дом кој е храм на законодавството и демократијата каде се посегнува по достоинството на вработени во македонскиот парламент и без мува да ги лази наместо да се извинат и покајат тие и натаму дрско одвраќаат дека не се за предвремени избори.

Народната порака е: Власта мора да падне! Но, народот сепак не треба да биде само со пароли, туку и ветер в грб на опозицијата!

Како држава и народ многу дадовме на нашите пријатели САД и ЕУ, а тоа и самите челници и лидери на овие моќни држави го признаваат и потенцираат, за разлика од нашите политиканти кои не сакаат да слушнат кога ќе им се спомнат предвремени избори. Поминаа десетина јуни и декември, датум за отпочнување на преговори со ЕУ нема! Тоа значи Доста Е!

Народот, живее со девизата купи ден помини, повеќе од 50% живеат со 2 евра на ден, особено во оваа најголема наметната криза, за која оваа исфингирана или октроирана коалиција владее иако за руско-украинската војна знаела уште од септеври 2021, тоа го потврди и претседателот Стево Пендаровски.

Дрскост е што новоизбраниот или донесен премиер Ковачевски не прифаќа лидерска средба со опозицијата.

А, зошто страв од предверемени избори? Нели, тие се народни избори? Народот ја дава, народот ја зема власта! Политичарите треба да бидат сервис или слуги на народот, за него тие треба да работат!

Еве ќе дојде и тој 30 јуни до кога завршува француското претсдеателство со ЕУ, топтан дипломатите и салама политикантите ќе се уверат дека ЕУ нема да ја крене рампата поради Бугарија, која не ги исполнува Копенхашките критериуми за полноправно членство во ЕУ, и в која владее криминалот и  корупцијата.

Свежа е изјавата на Љубчо Георгиевски од Софија, дека Заев испазарил шест главни историски фигури да ги прогласи за заеднички херои на Македонците и Бугарите – Свети Кирил, Свети Методиј, Свети Климент, Свети Наум, Цар Самуил и Гоце Делчев – но тоа на Софија не и’ било доволно и таа повторно ни ставила вето. Според Љубчо Георгиевски, тоа не го разбрала бугарската политика и историја, и наместо во тој момент работите да тргнат во позитивен процес, тие повторно го започнале спротивното.

Сепак за крај ќе ја истакнам искреноста на САД, стратешки партнери на Македонија, нашите политичари ја злоупотребуваат подадената рака уште од самостојноста! Станува збор за стретешкиот дијалог со САД, за кој амбасадорката Кејт Мери Брнз рече, дека стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија е нешто што почна пред многу години, а сега се унапредува, се разбира, тоа не е замена за членството на Македонија во Европската унија.

Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан која ќе одржи стратешки дијалог со САД на 2 јуни годинава во Вашингтон. Секако овој дијалог треба да го водат чесни и некорумпирани политичари. А, за тоа потребен е нов изборен законик и една изборна единица, Закон за спречување на корупција и неказнивост, Закон за департизација во институциите, хармонизација на законските регулативи со европските закони, слобода на медиумите и стоп на султан партии.

Македонија не заслужува хибридна власт. Македонија не заслужува власт со лесно коруптивни политичари. Македонија не заслужува власт каде има султан кој е повеќе од 20 год на власт и не се залага еден збор македонски да изговори. Македонија не заслужува власт која свесно го краде и злоставува народот. Македонија не заслужува власт која уценува и непочитува македонски националнаи вредности. Со еден збор народот порачува и бара, тоа треба да го сторат нови луѓе, затоа: Власта мора да падне!

За крај, радосната вест: Евхаристиската заедница и канонското единство на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со православниот свет, не е дело на политичарите, туку дело на верниот и трпелив народ Македонски, и неговите архиереи, со Архиепископот Стефан и митрополитите Петар и Тимотеј, што ги водеа, разговорите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, и кои се заокружија со канонско и литургуско единство, што беше потврдено на заедничкото сослужение во Белград, во спомен храмот Св. Сава,од друга страна СПЦ ја прифати поканата и доаѓа на заедничка богослужба со МПЦ ОА во Скопје. Според, МПЦ-ОА, на 23 и 24 мај црковна делегација на СПЦ предводена од патријархот Порфирије ќе дојде во посета на МПЦ. Заедничката богослужба ќе ја одржат во Соборниот храм Св. Климент Охридски а ќе се служи литургија за празникот Св. Кирил и Методиј. – На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија. а на Св. Кирил и Методиј ќе се отслужи заедничка божествена литургија во храмот Св. Климент во Скопје меѓу двете цркви со очекување да, се додели конечна и целосна автокефалност на МПЦ-ОА!

И, се разбира, радоста ќе биде уште поголема: Власта да падне!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.