Ламбе Арнаудов

Било што да започнеш во животот треба прво, добро да процениш на чија страна си.

Особено е важна проценката кога влогот е многу голем, како што е твојот народ од кого произлегуваш и нему му припаѓаш, и татковината во која си се родил, одраснал, образувал, вработил и живееш.

И, гледај парадокс огромен. Паметните немаат избор. Со задоволство го прифаќаат за нив единствениот пат, чесно, ревносно, со саможртвување, честопати и до крај определени верно да им служат на својот народ и татковината.

Тешко е да се живее на тој начин, некогаш и претешко, ама исполнетоста во твоето срце и радоста на душата твоја дека си го постигнал највисокиот дострел во својот живот служејќи им на СВОИТЕ, те прави силен, паметен, жилав, издржлив и непомирлив во вистинитоста и исправноста на патот што си го избрал.

Оние другите, кои избрале друг пат, хедонисти мрзливци, апаши, простаци, незнајковци кои живеат живот полн погодности и удопства и привилегии што ги заработиле благодарение на срамниот чин на предавство на својот народ и татковината, тие воопшто не се ни РОДИЛЕ, а не дека живот живеат пуст и без трага дека биле тука на исто место се нив НЕДОСТИЖНИТЕ.

Уште во самиот почеток се качиле на погрешен воз и сега секоја следна станица им е грешна.

Грешен воз, грешни станици, грешен живот, печен препечен ГРЕШНИК.

Каде со таквите? Се знае.

Преку ЧИСТИЛИШТЕТО овоземно, до дното на пеколниот казан, дома, на улица, во зградата, маалото, на работа, на приредба, претстава, натпревар, на одмор, во ресторан, кафеана, секаде каде се живее животот среќен и нормален за нормалните, а за вас ПЕКОЛ.

Скоро, многу скоро ќе ја дочекате казната за која проштевање нема.

ГОСПОД простува секаков и најтежок ГРЕВ, ама го обдарил и му дал разум на народите и ги ослободил од обврската да ги проштеваат предавствата, свесни дека со такви ГРЕВОВИ можат да исчезнат цели народи, како што вие ГРЕШНИЦИ од прва категорија, го правите со својот МАКЕДОНСКИ НАРОД И ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА и на таков начин го уништувате тоа што ГОСПОДОВАТА ДЕСНИЦА го создала.

Смејте се. Ароганцијата и злобата ви се поголеми од духот, та ГОСПОД не познавате, НАРОД  не признавате. Во немилост сте, и помеѓу својот народ и пред ГОСПОДА.

Да ве потсетам и да ви помогнам да се вразумите во последен час и да го избегнете она што ве чека сигурно и безмилосно се тешки последици по вас ГРЕШНИТЕ ако не се премислите на време.

ЧИСТИЛИШТЕТО е предворје на ПЕКОЛОТ. Тоа е една долина во која се наоѓате вие и е тесна и претесна. Од едната страна вашата лева гори жежок оган и пламен што не можете да го поднесете. Од вашата десна страна е силен студ со мраз и снег.

Што правите вие таму. Постојано бегајќи од огнот скокате во мразот за да се оладете, од силен студ веднаш смрзнувате, така што “спасот“ го барате во огнот да се стоплете каде ќе изгорите.

И постојано така од огнот во мразот од мразот во огнот, секогаш смрзнати, вечно испечени реш.

Овие се маките во овоземното ЧИСТИЛИШТЕ што ве чека. Ги препознавте ли мразот, големиот студ и огнот. НЕ. Надменоста и подуеноста ваша ве прави слепи. Ќе прогледате тогаш кога ќе ве стигнат ама доцна ќе е.

Како и во БИБЛИЈАТА така и БИБЛИСКА МАКЕДОНИЈА, ЧИСТИЛИШТЕТО е последна шанса за спасение на вашите души и тела и тоа зависи исклучително од молитвите и проштевањето што треба да ги добиете од оние кон кои најмногу сте се огрешиле. НАРОДОТ И ТАТКОВИНАТА.

Народот наш МАКЕДОНСКИ е благороден и богољубив. ТАТКОВИНАТА е родител кој сака сите свои деца да ги изведе на вистински, прав пат. Очекуваат ваше покајание, признавање на гревовите и напуштање на грешниот живот.

Обидите се за последен пат.

Јас лично познавајќи ве од каков потрошен и лесно расиплив материјал сте изградени, не верувам дека сте толку разумни тоа да го сторите.

Ќе бидам пресреќен и чекам да ме изненадите, свесен дека тоа е рамно на ЏЕК ПОТ добивка.

Предавството на својот народ-очајно тежок чин. Колку повеќе живееш толку повеќе с измачуваш. Ако не дај БОЖЕ порано преминеш огромен срам и ГРЕВ ќе им пренесеш на твоите НЕВИНИ наследници.

ГЛЕДАЈ – ПРАВИ

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.