Слободан Томиќ

Партнери или учесници… Никогаш досега две можни политики кон Европската унија не биле толку јасно дефинирани како во Македонија. Да се ​​биде партнер со Европа значи да се работи заедно на пристапот на Македонија во ЕУ. Зашто, тој пристап не е во интерес само на Македонија. Тоа мора да биде во интерес и на другите европски земји. Ако нема таков интерес, ако интеграцијата на Македонија во ЕУ е само македонска и ничија друга желба, тогаш нешто сериозно не е во ред со европската идеја, па дури и со европскиот интерес за Македонија.

Но, ако тоа е вообичаена работа, ако сите имаат корист од тоа, тогаш не може да се поставуваат сè повеќе барања пред Македонија, кои сè потешко се исполнуваат. Досега Македонија исполни и испораќа најтешки завршени задачи и единствени во светската историја, жртвувајќи го сопствениот идентитет со промена на името, доведувајќи го во прашање територијалниот интегритет, со прифаќање на два контроверзни октроирани договори “скоцкани“ од надвор и носени само на параф во „нотарската канцеларија“ кај сервилниот политикантски тим на Клативое Такоевиќ, алијас Зоран Заев и тајфата. Се разбира, тука е и пишман министерот Никола Димитров, претходно Охридски договор прв езерски и Преспански втор езерски договор со кој свесно се донесе во поништувачка состојба. Македонија како смостојна држава.

И конечно, како трет или апокалиптичен документ од 2017, Бугарскиот договор со кој дефинитивно на голема порта се афирмира и потврдува долгоочекуваниот сон за Сан Стефанска Бугарија, односно Голема Албанија, а тоа го потврди и “леттечкиот“ министер “командат“ Османи, кој со брада и фризура на 3 март јавно го направи тоа пред камера, честитајќи го празникот на Сан Стефанска Бугарија! И тука се е јасно!

Од друга страна светот му порачува на бугарскиот премиер Петков да се извини за геноцидот врз македонските Евреи, за што Софија со децении молчи.

Едновремено, претседателот Стево Пендаровски јасно и гласно ја обзнани таканаречената јавна тајна, дека целата власт на чело со Зоран Заев, Стево Пендаровски, Бујар Османи и останати за интервенцијата на Русија врз Украина.

Зошто тогаш талентираниот министер и се уште актуелен премиер во сенка Заев, не ги информирал или им намигнале на Украинците, да се спасат и спастрат, прашува лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села.

А, пред се, домаќински би било, да си обезбедат јаглен, нафта, електктична енергија и стокови резерви да си обезбедат. Нели? А, не да тријат раце за лов во матно или во криза, и тоа, со мрсни акцизи за, нафтени реагенси и гас..

Да се приклониш кон некое сојузништво, заради можна поддршка за воведување на санкции кон Русија, треба најпрвин да добиеш гаранции за твојата безбедност и економска поддршка од посилните. Од друга страна да го прогласиш рускиот амбасадор за “персона нон грата“, тоа е дилетантска стратегија. Експертите со став македонските санкции,или „руски рулет“.

Македонија не е во позиција да преговара за правилата на игра во ЕУ. Македонија треба да ги разбере тие правила и да научи да игра според нив. Исто како што научија сите други земји кои се приклучија на ЕУ. Можни се исклучоци, но само привремено, како преодно решение. И колку помалку исклучоци за една земја, колку помалку има барања за нивно правење, толку земјата е поподготвена да стане членка на европското семејство. Македонија навистина се приклучува на еден важен клуб. И не е добро тоа членство да почне со дискусија со портирот со калливи чевли или за непрописно паркирана кола.

Но, ако двете политики се во право, во што е проблемот? Како и секогаш, проблемот не се принципите, туку нивната примена. Дека мора да се почитуваат правилата ако сакате да играте, не е спорно. Спорно е какво било правилото. И навистина, кое е точно правилото што Македонија во моментов го крши? Дека земјите од ЕУ мора да бидат оддговорни и коректни кон Македонија, и конечно да кажат бива или не бива Македонија да стане членка на оваа Унија!

По никоја цена не смее да се потцени геостратешката позиција(положба) на Македонија: Коридорите 8 и 10 се најважната крстосница која Европа ја поврзува со Исток и Запад, но тоа чини! И повторно, што тука не е јасно?

Видовме и се уште гледаме колку Украина им е од голема важност и значење на Европа и САД, и за таа цел експресно може да се разговоара или преку ноќ да се вметне во ЕУ, како што беше случајот со Бугарија и Ромнија уште во 2006 година, без никакви исполнети критериуми?! Е тоа беше хипокризија или циркузијада.

Македонија стана членка на НАТО, но прашањето е каде се странските инвестиции кои ги гарантираше НАТО, ако безбедносната организација беше гарант и магнет за привлекување на странски инвестиции?

Македонија стана се’, но членка на ЕУ не, и прашање е дали воопшто ќе биде. Европа без Македонија е како тело без глава или обезглавена!

Дали Европа треба да разбере дека во секоја ситуација на соработка, треба да провејува концептот на правичност и праведност. Западен Балкан не смее да се занемари, запостави, потцени или прескокне. Без Западен Балкан, Европа ќе се растури како “пиксла“ по секој основ, оти навистина Балканот е буре барут! Западен Балкан само ќе донесе раздвижување и акцентирање на “заспаниот нерв“ на енергија и комуникација меѓу народите со различни култури, обичаи и традиции, тоа Европа го нема! Дека има дисонанца во ЕУ околу санкциите кон Русија, потврдуваат и разговорите меѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и премиерот на Холандија, Марк Руте, во Париз, изјави дека државата не може да се откаже од снабдувањето со нафта и гас од Русија.

Нема да повикувам на прекин на испораките на нафта и гас од Русија. Тоа е невозможно затоа што ни се потребни. Тоа е непријатна вистина, но можеме повеќе да ја промовираме нашата зелена агенда“, рече премиерот. Што тука не е јасно, но што правиме?

Ќор-сокакот во кој сега се наоѓа Македонија, покажува нешто сосема друго. Не размислуваме што ќе правиме ако работите тргнат наопаку. Немаме “стратегија за излез“!

Европа ги измисли и алтернативните можности и унии, како Франција ја има медитеранската унија, од каде си има енергенси и се што нуди богатата северна Африка. Нека се размислува малку и на ова тема во Македонија, за алтернативни можности истовремено, пред се’, работејќи на задачите на реформите и да заличи на држава со сите нишани, а не да остане држава на криминалци, корупционери и мали диктатори во куси панталони и челични опинци!

Што ако не успее работава со ЕУ? Не е важно кога, но што ќе прави Македонија во таков случај? Можеби е време да размислите и за тоа. Дали ЕУ воопшто има алтернатива во Македонија? Безусловно е потребно да дојде до доближување на народите во регионот, за крај на сите идеи за големи бугарија, албанија, србија, односно Отворен Балкан кој ќе го скрши стереотипот и предрасудите, дека економијата и владеењето на правото ќе бидат на прво место, потоа лесно е да се зборува за интеграциите. Тогаш и реалноста “балканизација на Европа“, но во позитивен контекст!

Во секој контекст, почетокот и крајот на политичката, енергетска, здравствената и економската криза во Македонија е нови парламентарни избори! Е, па ајде народе на избори!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.