Сексуалната желба и апетитот растат и се намалуваат во текот на вашиот живот. Една година може да сте најнапалената личност, за следната да не ни размислувате за секс.
А што се однесува до врските, не е тајна дека сексуалната хемија со текот на времето избледува. Колку подолго си со некого, толку привлечноста што ве зближи се намалува. Но, постојат начини за преземање контрола над вашето либидо, но прво треба да се знаат и причините што го предизвикале падот на сексуалниот нагон.
Воглавно, постојат четири области кои можат да предизвикаат ниско либидо: физички, хормонски, психолошки и проблеми во врската, вели сексуалниот терапевт Даниел Бенет.
За да дознаете кој е вашиот пробле најдобро е прво да го посетите вашиот матичен доктор и гинекологот. Направете крвна слика со која би провериле дали имате проблеми со тироидната жлезда, проверете дали имате сувост на вагината и проучете ги несаканите ефекти на сите лекови кои ги пиете, вклучувајќи ги и апчињата за контрацепција, доколку ги пиете.
Ако медицинскиот пат не дава одговори, време е за самооткривање, вели д-р Бенет.
Одредете „ноќ за секс“ и повторно поврзете се со вашето тело. Тоа не мора да значи само да имате секс. Може да биде и само ноќ со основна грижа за себе и ЗА разубавување и грижа за телото, но и подолг период во кој ќе се посветите на добар сон, одвојување време за креативност, добра исхрана и избегнување алкохол.
Терапевтот, исто така, препорачува вежби за „самофокусирање“ или сензорно фокусирање, кои бараат од вас да го допирате вашето тело без движења кои водат до оргазам или секс, туку само за да се чувствувате удобно со вашето тело.
Даниел советува луѓето во врска да изберат одредени денови и време за секс, но тоа да не е пред спиење или кога сте прегмногу уморни.
Понекогаш треба да копате малку подлабоко за да ја откриенте причината, зошто улогата што ја игра вашето ментално здравје врз сексуалноста не смее да се
потцени. Истражувањата покажаа дека депресијата често може да доведе до намалување на сексуалниот интерес и дека сексуалната траума може сериозно да го промени вашиот однос со сексот.
Ако менталното здравје би можело да биде причина за намалување на сексуалниот интерес, можеби треба да размислите за сексуална терапија без да се плашите што ќе речат другите.
Извор: нет.хр
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.