Стресот, преоптеретеноста, алкохолот и прекумерниот кофеин негативно влијаат на либидото. Причините за ниското либидо можат да бидат и физички, на пример болни хемороиди. Главните симптоми се намален интерес за секс, тешкотии во постигнување и одржување на ерекцијата, предвремена ејакулација.

Растенија кои помагаат:

Дамијана (лат. Turnera diffusa var. aphrodisiaca)

Дејство: Се користи горниот дел од растението. Aфродизијак e и антидепресив, го подобрува расположението и стимулира сексуални перформанси.

Начин на употреба: Како билен чај, во таблети или тинктура.

Комбинации: Додајте каранфилче во секоја шолја чај или додадете сабална палма, ашваганда или корејски женшен во тинктурата. Во таблети, обично се комбинира со сабална палма или растението кола. Чајот од вербена помага при предвремена ејакулација.

 

Ашваганда (лат. Withania somnifera)

Дејство: Се користи коренот од растението. Тоа е афродизијак, подмладува, има корист за целиот организам и ги подобрува сексуалните перформанси.

Начин на употреба: Измешајте ја лушпата во млеко, до еден грам по доза. Можете да измешате ашваганда во прав во топло млеко засладено со малку шеќер.

Комбинации: Користете со женшен или сабална палма. Може да помогне и масажата пред водење љубов: измешајте една капка масло од роза и пет капки сандалово дрво во 5 милилитри бадемово масло за да се масирате меѓусебно.

Извор: živim.hr



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.