Оброците богати со растителна храна можат да го подобрат и нашиот љубовен живот, односно уживањето во сексот. Како дел од истражувањето за задоволството на луѓето од нивниот сексуален живот спроведено меѓу претплатниците на најголемиот британски сајт за онлајн состаноци, дури 84% од вегетаријанците оцениле дека се задоволни од својот сексуален живот, во споредба со само 59% од оние кои јадат месо. Убедливо најголемо задоволство од сексуалниот живот забележале веганите – со дури 95% задоволни испитаници.
Зошто е тоа така има неколку одговори.
Најважните предуслови за добра циркулација се здравото срце и крвните садови. А каква е врската помеѓу здравјето на срцето и сексуалниот живот? Појавата на артериски наслаги на ѕидовите на крвните садови е она што ќе ја ослаби циркулацијата во целото тело, вклучувајќи го и протокот на крв до половите органи. Ослабениот проток на крв во пенисот ќе ја намали шансата за силна и долготрајна ерекција.
Веганите обично имаат помалку наслаги во нивните артерии, дури и во споредба со здрави и активни мажи кои се на мешана исхрана, што е предуслов и за кардиоваскуларното здравје и за потенцијално врвни перформанси во спалната соба.
Ова го потврдува и студија спроведена меѓу мажи со дијабетес во Канада, која покажа дека со секоја дополнителна порција овошје и зеленчук дневно, стапката на еректилна дисфункција кај учесниците се намалува за 10%.
Научниците веруваат дека флавоноидите (супстанции од групата полифеноли) од овошјето и зеленчукот и другите растителни намирници се тие што носат најголеми придобивки за функционалноста на крвните садови. И многу други растителни храни, како што се чаевите, какаото и виното (грозје) исто така се богати со флавоноиди. Флавоноидите се фитонутриенти одговорни за светлите бои на многу овошје и зеленчук. И американските научници, анализирајќи ги податоците за здравјето и исхраната на 25.000 мажи вклучени во студијата, дошле до заклучок дека оние кои имале повеќе храна богата со флавоноиди во нивната исхрана имале 11-16% помал ризик од еректилна дисфункција.
Покрај посилните и подолги ерекции, веганите често имаат и посилна сексуална желба, односно имаат поголема веројатност да имаат секс. Имено, оброците со месо се доста тешки за варење, поради што се чувствувате летаргично и поспано после оброк, што не е особено секси. Од друга страна, лесен оброк со многу зеленчук нема да ве натера да се чувствувате подуени и уморни, туку полни со енергија. Многу растителни намирници ја подобруваат циркулацијата, вклучително и онаа во мозокот, која исто така позитивно влијае на либидото.
Конечно, веганите во просек се посреќни, со помали стапки на депресија и анксиозност. Многу растителна храна придонесува нашиот микробиом (популацијата на бактерии во дебелото црево) да биде разновиден и витален, што резултира со оптимално производство на различни супстанции важни за функционирањето на нашиот организам (постбиотици), меѓу кои се и невротрансмитерите кои ја регулираат нашата мотивација и чувството на среќа – допамин и серотонин.
Кога сме посреќни, тоа не прави попривлечни за потенцијалните партнери, бидејќи кога се чувствуваме подобро за себе, имаме и повисоко ниво на самодоверба. И од тоа, сите ќе се сложиме, подобар афродизијак нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.