Брачна двојка на 26 и 24 годишна возраст од градот Биџие во кинеската провинција Гуижоу побарала стручен совет откако четири години имале проблеми да добијат дете.
Лекарката открила дека парот всушност имал „погрешен секс“ со години, што резултирало со неуспех во забременувањето.
Беа доста млади, мажот имаше 26, а жената 24 години. Беа и многу здрави, но и покрај тоа што пробуваа четири години, сопругата не можеше да забремени. Нивното семејство поради ова им правеше доста притисок, изјавила докторката Лиу Хонгмеи за „Мирор“.
Таа потенцираше дека брачната двојка ѝ кажала дека редовно имаат секс, но шокот следувал кога докторката ја прегледала девојката и сфатила дека сè уште е девица.
Парот всушност имал анален секс со години. Девојката ѝ признала дека сексот секој пат бил „извонредно болен“, но издржувала со надеж дека ќе забремени.
Докторката потоа им дала прирачник за сексуално образование. Прирачникот наводно помогнал бидејќи веста за бременоста на жената дошла само неколку месеци подоцна.
Четири години брак, а ниту мажот ниту жената не знаеле да забременат. Паровите на кои им недостигаат општи знаења се многу ретки, но не е невообичаено луѓето да немаат или да имаат погрешни идеи за сексуалното знаење, заклучила докторката за „Мирор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.