Немањето на интимни односи долго време може да влијае на сè, од кардиоваскуларното здравје, преку нарушен имунитет сè до полошо ментално здравје и меморија.

Но, што се случува кога ќе донесете одлука да го прекинете целибатот и да имате сексуална активност по долго време? Различно е за секој пол.

Кај жените

Кај жените, подолг временски период нa интимна неактивност може да предизвика проблеми со вагиналните мускули, особено за време на менопаузата. Според д-р Салена Заноти, менопаузата значи помалку производство на естроген и тоа може да доведе до сувост на вагината. Затоа лекарите препорачуваат редовна интимна активност за време на менопаузата. Вагиналната атрофија, сувоста и воспалението на вагиналните ѕидови по менопаузата, исто така, може да предизвикаат болка за време на сексуалниот однос.

Кај жените во предменопаузниот период, имањето секс по долга апстиненција не предизвикува големи проблеми. Секако, може да има одредена непријатност од некористење на овие мускули долго време, но тоа е привремено. Исто така, може да го изгубите чувството во клиторисот поради недостатокот на проток на крв, но тоа се опоравува во моментот кога имате интимна врска.

Кај мажите

Она што се случува со мажите кои ќе имаат секс по подолго време е малку поинакво. Додека некои студии укажуваат на врска помеѓу еректилната дисфункција и недостатокот на сексуален однос, д-р Ирвин Голдстајн верува дека оваа изјава не е точна и дека и по долга пауза од секс пенисот ќе им функционира добро.

Да се ​​има секс е добро, мастурбирањето е добро, но концептот дека мажите мораат да имаат секс за да избегнат еректилна дисфункција е погрешен, рече тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.