Иако постои стереотип кој тешко се отфрла, дека сите мажи имаат само едно нешто во главата кога се во прашање жените, овој терапевт го докажал спротивното.

Мажите не ги интересира само сексот, може да се каже дека се и многу емотивни, но тоа нема отворено да го признаат и покажат.

Веројатно ќе се изненадите кога ќе го прочитате ова, но за мажите поважни се нежните допири, полни со емоции, од сексот. Не е важно дали ќе му кажете нешто, ќе шепнете, ќе молчите, ќе го погледнете – тие уживаат во нежни допири и галење, бидејќи тоа ги опушта и им дава до знаење дека се прифатени и дека се чувствувате безбедно кога сте со нив. На овој начин едноставно му покажувате дека навистина го сакате и дека секогаш ќе ја има вашата поддршка.

Затоа следниот пат кога ќе бидете со вашиот партнер, галете му го лицето и погледнете го заљубено, а срцето ќе му биде полно, иако можеби нема да ви го покаже тоа поради познатата „алфа – машка“ фасада што ја имаат повеќето мажи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.