Разбушавена коса, отечени очни капаци, лош здив, желба за дополнителен петминутен сон… Постојат многу причини поради кои би го прескокнале утринскиот секс, но, како што велат, паричката има две страни.

Ако свесно го избегнувавте сексот во утринските часови, треба да ги дознаете аргументите „ЗА“ утрински секс. Еве зошто треба да го засакате сексот по будењето:

Ќе бидете весели до крајот на денот

Луѓето кои се расонуваат со утрински секс ги следи ведро расположение во текот на цел ден. Сексуалното задоволство и доживувањето на оргазам во телото ослободуваат ендорфини, кои се „виновници“ за интензивирањето на вашата среќа. Можеби вашите колеги ќе ве прашуваат која е тајната за прикриената насмевка на вашето лице, па обидете се да не ја издавате.

Посилен имунитет

Утринскиот секс го подобрува здравјето преку подобрување на вашиот имунитет. Според неодамнешните истражувања, утринскиот секс го зголемува нивото на имуноглобулин А (IgA), антитело кои се бори со настинки и други инфекции.

Нова доза адреналин

Утринскиот секс го зголемува лачењето на адреналин и му придава интензитет на сексуалното искуство.

Нема потреба од предигра

Тој веќе е спремен за акција. Додека вашиот партнер спие, тој акумулира тестостерон, а високото ниво на тестостерон е причината за неговата огромна желба за секс. Па наутро не мора да трошите време за предигра, затоа што неговата ерекција ќе ве убеди дека е спремен за акција.

Ве разубавува

Утринскиот секс го зголемува нивото на естроген кој го подобрува тенот и текстурата на кожата и косата. Сфатете го како ваша бесплатна козметика која ви дава природен здрав блесок во текот на целиот ден. Вашето лице ќе зрачи со привлечност, а вашата коса ќе сјае.

Ве зближува со партнерот

Сексот придонесува за лачење на окситоцин, хормонот на зближувањето. Партнерите кои се будат со игра меѓу чаршафите се чувствуваат поприврзани и позаљубени во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.