Доколку не сте знаеле, пенисот треба да се мие секој ден, особено кога вежбате, маструбирате или едноставно се испотите под половината, советува урологот Дариус Падух.

Ова е поради тоа што вашето меѓуножие преставува темно и влажно подрачје кое е идеално за размножување на бактерии и ширење на непријатна миризба, токму како што се и пазувите. Со оглед дека вашиот пенис е многу блиску до тие бактерии сосема е сигурно скакате тој да биде чист. Затоа, секој ден користете топла вода за да ги измиете пенисот, препоните и тестисите, вели тој.

Доколку забележите дека долу не мириса баш најубаво, вели д-р Падух, направете сапуница со која ќе го измиете пенисот, поради тоа што таа е подобра отколку директно да користите сапун.

Но, не претерувајте. Кожата на тој дел од телото е деликатна и од премногу миење со обичен сапун може да дојде до иритација. Ова особено е точно доколку не сте обрежани. Поголем број на гелови за туширање може да допринесат до појавување до иритација на пенисот поради тоа што поседуваат бројни хемикалии, затоа е најдобро да користите хидрирачки сапун со што помалку состојки. А доколку не практикувате секојдневно туширање, а тоа го препорачува и науката, сепак би требало да ја „освежите“ својата машкост на дневно ниво, барем со користење на влажни марамчиња, вели тој.

Секогаш мијте го пенисот, после, но и пред секс!

Хигиената пред секс е многу важнa, но миење по сексот е уште поважно и може да допринесе за избегнување на инфекции. Треба да внимавате да ги измиете вашите телесни течности, како и течностите на вашиот партнер, со оглед дека бактериите може да се размножуваат особен ако се исушат на вашата кожа. Секако, тоа не значи дека мора веднаш да рипнете од креветот и да се упатите кон тушот, може да почекате 10-15 минути. Целата е да се погрижите да се миете редовно но не премногу. Претерано миење може да ја оштети заштитната бариера на кожата и така да им олесни на бактериите, вирусите и полно преносливите болести полесно да навлезат во вашиот организам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.