Мисионерска поза
Долго сте заедно, што објаснува зошто еден на друг си ги завршувате речениците. Вашиот брак е рутински и пријатен. Се чувствувате сигурно, но е и на граница да стане премногу приземјен. Но не грижете се. Љубовта што ја имате еден кон друг со години станува се подлабока. Се што ви е потребно е малку разноликост, возбудување и спонтаност во животот. Најдобро место на кое тоа можете да го побарате е спалната соба.

Жената е горе 
Оваа двојка е многу вљубена, си веруваат еден на друг и склона е кон истражување. Вашиот брак е исполнет со компромиси и доверба. Исто така, го прифаќате своето тело, пријатно се чувствувате во врска со својата сексуалност и сакате да ја преземете работата во свои раце.

Кучешка поза
Вашиот брак е авантуристички и забавен. Освен тоа, двајцата партнери се сосема опуштени и пријатно се чувствуваат во врска со сексуалноста и никогаш не им е здодевно. Исклучително се отворени и искрени за се во животот, не само во сексот.

Поза „лажица“ 
Ако позата „лажица“ ви е омилена, веројатно имате многу грижлив и предан брак. Копнеете за интимност и сакате физичка блискост. Исто така сте неверојатно длабоко емотивно поврзани.

Брз секс
И покрај пренатрупаниот распоред, секогаш успевате да украдете малку време пред да се разбудат децата или пред да заминете на работа. Ви звучи познато? Па тогаш вашиот брак е исполнет со спонтаност и со страст. Понекогаш ви е тешко да се воздржите и да ги чувате рацете подалеку еден од друг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.