Колку и каков секс ќе имате, пред сѐ зависи од вашата состојба на умот и тоа дали се доживувате како сексуално активна личност или не, но факт е дека сексуалниот живот не е ист во 20-тите, 30-тите или 40-тите години од животот и понатаму.
Двојките со тек на време го поместуваат сексот надолу на листата на приоритети, а неретко и ги наведуваат годините или физичката подготвеност како пречка за почести сексуални односи.
Најновите истражувања покажаа дека во просек, луѓето на возраст од 18 до 29 години имаат најмногу сексуални односи: во просек 112 пати годишно или два пати неделно.
Луѓето во ворасната група од 30 до 39 години имаат секс околу 86 пати годишно, одноно 1,6 пати неделно.
Огромен пад на квантитетот на сексуалниот живот има во старосната група од 40 до 49 години чии припадници имаат секс сѐ на сѐ 69 пати годишно.
Истражувачите заклучиле дека наглото опаѓање на сексуалната активност во овие години најчесто се должи на брзото темпо на живеење, семејните обврски, појавата на здравствени проблеми и општиот стрес што значително влијае на либидото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.