Големо истражување на SKYN Condoms од 2015 година открива кои се деновите во кои милениумците најчесто имаат секс. Во испитувањето учествувале 5.117 луѓе на возраст од 18 до 34 години, кои одговарале детално за нивниот сексуален живот. Таму се најдоа многу интересни одговори кои подоцна беа објавени во јавноста.

На прашањето во прилики низ годината најчесто славеле со секс, најчест одговор бил роденденскиот секс. Така одговориле 79 проценти од милениумците, на кои навистина им се допаѓа овој тренд.

На второ место е Денот на вљубените со 73%, додека годишнините (67%) и празниците (63%) ги заокружиле третото и четвртото место. И, конечно, за Нова година 58% водат љубов пред или после дочекот.

Сепак, не е добар само славеничкиот секс, се чини дека милениумците сакаат и секс за помирување. Студијата покажала дека 55 отсто од испитаниците рекле дека имале секс за да се помират по жестока расправија, пишува „Максим“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.