Секој си има свои преференции кога е вистинско време за секс со нов партнер, па некои не чекаат ниту втор состанок , додека други се воздржуваат до брак за да бидат интимни со партнерот. Меѓутоа, едно истражување покажа дека најдобри врски се оние во кои сексот се случил на петтиот состанок, пишува „Телеграф.рс“.
„Меч.ком“ направи истражување со повеќе од 5.500 самци во Америка за нивните навики поврзани со љубовните состаноци, вклучувајќи го и прашањето после која средба решиле да имаат секс, а волшебниот број е пет. Според истражувањето на „Самци во Америка“, 35 отсто од луѓето изјавиле дека биле најсреќни во врските во кои имале секс на петтиот состанок.
Според тоа, ако сакате да завршите во среќна врска со некој со кој моментално излегувате, заборавете на сексот барем до петтиот состанок. Ако вашата цел е да имате секс само за една вечер, тогаш бројот на состаноци не е важен. Она што можеби изненадува е фактот дека 25 проценти од мажите и жените рекле дека кај нив сексот за една вечер подоцна прераснал во врска.
До петтиот состанок веќе би требало да има јасна слика за потенцијалниот партнер
Зошто петтиот состанок е дефиниран како вистинскиот кога треба да се размислува за секс со потенцијалниот партнер? Научниците велат дека до петтиот состанок може барем делумно да се запознае личноста, односно дотогаш треба да се знае дали е пристојна, смешна, допадлива, весела или мрачна, филозофски наклонета, непријатна, вредна, безобразна и слично.
Повеќето луѓе до петтиот состанок веќе имаат јасна слика дали партнерот е тоа што го бараат, дали е забавен, интересен, дали имаат исти цели во животот, дали се компатибилни итн., пишува „Сексперт“.
Доколку сè уште не можете да одговорите на некои основни прашања за вашиот избраник до петтиот состанок, запрашајте се дали крие нешто од вас или е многу затворена личност и дали можете да бидете во врска со некој таков.
Ако ситуацијата до петтиот состанок е добра, тогаш сексот е последниот тест за вашиот потенцијален партнер. Секако, доколку не сте спремни за секс, на вас останува да одлучите кога и дали воопшто ќе имате сексуален однос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.