Една жена била шокирана кога на лаптопот на нејзиниот вереник открила дека тој тајно гледа геј порно, а воедно и избегнува секс со неа. Разочараната 44-годишна жена решила да побара психијатриска помош откако открила што гледа нејзиниот вереник и се соочила со него, а тој ѝ негирал дека е хомосексуалец, пренесува „Сан“.

Јас имам 44, тој 45, а заедно сме десет години. Сексот ни беше одличен во првите години од нашата врска, но во последно време тој избегнува да биде интимен со мене. Кога и да иницирам секс, наоѓа изговори зошто не може. Неодамна го позајмив неговиот лап-топ и најдов геј порнографски страници во неговата историја на пребарување. Кога се соочив со него, почна да ме омаловажува и ме натера да се чувствувам глупаво што прашував. Рече дека тоа е само глупо пребарување, но јас не сум убедена, објаснува таа.

Таа побара совет од психијатар: Оттогаш немавме секс. Навистина мислев дека ќе се обиде да ме убеди во својата сексуалност, како и во чувствата кон мене, но поминаа две недели и ништо. Можно ли е мажот со кој сум поминала една деценија тајно да биде геј? Дали претерувам?

Според психијатарот, навистина постои можност да го привлекуваат мажи и тешко му е да го признае тоа.

Но, порно сајтовите често нудат содржини што можеби никогаш самите не сте ги пребарале, бидејќи се дизајнирани да создаваат зависност и да им понудат на луѓето екстремни сценарија. Во секој случај, одбивањето да зборува зошто гледал геј порно нема да помогне на ниту еден од вас да продолжите понатаму. Најдете момент да разговарате повторно со него. Заедничката посета на сексуален терапевт може да помогне, советува таа, пренесува „Сан“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.