Гостувајќи на утринска емисија на српската телевизија К1, урологот д-р Александар Милошевиќ шокираше многумина со необичната приказна од неговата ординација за еден млад пар и интимниот проблем со кој наишле.
Како што раскажува, момчето имало релативно голем пенис од околу 18 сантиметри, но токму тоа бил нивниот проблем.
Девојката беше со нормална градба. Тие се сакаат, ја започна приказната докторот додавајќи дека најголем проблем за нив било што не можат да имаат нормално сексуално задоволство, пред сè затоа што младиот човек поради преголемата должина на пенисот не можел да ејакулира, додека девојката имала болни реакции.
Доктор Милошевиќ додаде: „Го убедуваме: Најди друга“.
Сепак, парот остана доследен на својата љубов, а момчето не се согласило на овој совет, па според докторот единствено му останала опција за хируршко намалување на пенисот.
На крајот, водителката Јована Јоксимовиќ изјави дека вакво нешто досега не слушнала во животот, додека гостинката доктор Гордана Никиќ, психотерапевт, истакна: „Јас тука ништо не би намалувала“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.