Мој прв впечаток е дека Македонците се отворени да зборуваат за своите сексуални проблеми, директно се ориентирани на проблемот и доверливи уште од првата средба, спремни да платат советување со желба да си помогнат, вели во интервјуто за „Црнобело“ д-р Фросина Крстаноска, клинички сексолог кој долги години наназад работи во оваа област.
Идат во парови уште од првата средба. Мене ми е голем предизвик и се залагам да им помогнам на секој начин, секако на професионално ниво со дискреција. Со оглед на тоа не добиваат напишан наод од лекар, само рецепти за лекови ако е потребно, вели д-р Крстаноска.
Таа открива кои се главните проблеми заради кои пациентите најчесто ја посетуваат нејзината амбуланта, но и за тоа што може да се очекува од третманите кај сексолог.
Вагинизмот е состојба кај жените кога не е можна пенетрација заради болки, се докажува после преглед кај гинеколог, a сексологот може да помогне и да се работи на намалувањето на стравот, опуштање и вежби. Третманот за предвремена ејакулација е со советување, вежби и лекови, но не може на сите да им се помогне, вели сексологот.
Целото интервју на „Црнобело“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.